Канцеларијата на постојаниот судски преведувач Урош Ташев нуди професионални и висококвалитетни услуги во вид на превод и толкување по мерка на клиентот, со крајна цел тој да биде солидно услужен и задоволен, а во исто време имајќи ги предвид културните разлики и особености на јазиците меѓу кои се врши преводот и толкувањето.
Канцеларијата на постојаниот судски преведувач Урош Ташев има визија да ги рационализира потребите од превод и толкување на своите сегашни и идни клиенти и да им ја олесни работата на корисниците на превод и толкувачки услуги, нудејќи им квалитетен, точен и навремен превод и толкувачки услуги.
Преведувањето е интелектуална услуга и претставува процес на создавање текст. Тоа подразбира многу повеќе отколку механичко пренесување на значењето од еден, оној изворниот, на друг, целниот јазик. Квалитетен превод значи и длабоко, сериозно и академско познавање на двата јазици, на нивниот културен контекст и особености, како и на материјата или професионална област (од) којашто се преведува. Секој превод е уникатен и различен, материјата што се преведува е разновидна и специфична, корисниците на преводот имаат различни потреби, а сето тоа се одразува врз стилот и формата на преводот.
Секој нов клиент кој бара превод на некој документ или текст претставува предизвик за нас. Секој превод е уникатен и посебен, меѓу другото и затоа што го зборува јазикот на својата област, односно јазикот на својата проблематика.
Преводите се вршат од страна на искусен и посветен преведувач, кој освен што поседува лингвистички вештини, има и практично искуство во областите на својата специјализација во преведувањето и толкувањето. Тоа искуство опфаќа преводи од областа на финансиите, сметководството, правото и деловното право, даноците, економијата и економетријата, потоа преводи на пресуди од различни правни области, деловни, граѓански, стопански, трговски, спогодбени, облигациски и друг вид договори, нотарски акти, извршни акти и слично. Искуството од практичното работење во областите во кои е потесно стручен за преведување овозможува секој превод да биде изработен наменски, за материјата што се преведува, како и според барањата на клиентот.
Нашата канцеларија нуди исклучителни, професионални и висококвалитетни услуги, приспособени кон стилот и потребите на клиентот, односно подносителот на превод или барателот на толкување. Секоја услуга е извршена со целосно почитување на намената на преводот, односно со водење сметка дали текстот има комерцијална, академска, техничка или друга намена.
Сите преводи што ги извршуваме се во согласност со Европскиот стандард за преведување EN15038, односно со стандардите што ги бара преводот.
Одбирајќи ја нашата канцеларија, го правите вистинскиот избор и добивате врвна услуга, со највисока контрола на квалитетот за цената што ја плаќате.
Преводите се создаваат со употреба на најсовремени техничко-технолошки алатки за преведување и преку најефикасни процеси за преведување.
Конкурентската предност на нашата канцеларија е во тоа што, на едно место, клиентот остварува повеќе придобивки. Преводите што ние ги создаваме ги водат клиентите кон нови идеи, нови проекти, нови предизвици, нови перспективи, иновации и подобра иднина.
Ние сме токму она место каде што Вашите потреби за преведување и толкување се сретнуваат со квалитетот и професионалноста! Нашите преводи и толкувачки услуги се вистински избор за Вашите потреби! Избирајќи го нашиот тим како Ваш партнер, добивате совршенство во преведувањето и толкувањето.
Урош Ташев е роден во Велес, 1983 година. Веќе од 2005 година активно работи како преведувач и толкувач за јазичните комбинации од македонски на англиски и италијански јазик и обратно. Има дипломирано на Одделот за финансии при Универзитетот Џон Кебот во Рим, Италија, како и специјализирано во областа на финансиите на Универзитетот од Велс, во Бангор, Велс. Моментално е студент на вториот циклус студии на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на студиската програма Сметководство и ревизија.
Од 2017 година работи како финансиски директор во „Сетек Сѐ од Техника ДООЕЛ Скопје, но и како стручен консултант во областа на финансиите, корпоративните финансии и сметководството. Претходно работел 10 години на позицијата финансиски директор во „Жито Вардар“ АД Велес и во Винарија „Тристо“ ДООЕЛ Велес. Тој е и овластен сметководител и лиценциран судски вештак од областа на материјално, сметководствено и финансиско работење. Преведувачката дејност за него претставува мошне важен креативен аспект од неговиот живот, на што е целосно професионално посветен. Најмногу работи врз судски преводи од областа на финансиите, сметководството, менаџментот, преговорите, економијата и правото.
Преведувачот и толкувач Урош Ташев е придружен член на Здружението на преведувачи на РМ. Бил учесник на Втората, Третата и Четвртата меѓународна конференција за преведување.
Постојано го надградува своето знаење и искуство преку учество на различни настани, обуки, специјализации, конферениции и слично.
Преведувачот Урош Ташев има работено како преведувач и толкувач на повеќе проекти од областа на програмата ИПАРД, проектите за корпоративно управување на Меѓународната финансиска корпорација (IFC) и слично. Бил учесник и во првата генерација од програмата Топ менаџмент, организирана од страна на Владата на РМ.
а. Видови на преводи
Нашата канцеларија најмногу работи со судскиот превод во областите на нашата специјализација. Сепак, нудиме и преводи од сите области.
б. Преведувачи
Преводите се извршуваат од страна на постојаниот судски преведувач Урош Ташев, како и од посветен и искусен тим на наши надворешни соработници, составен од постојани судски преведувачи и специјалисти во областа на јазикот, кои нудат различни јазични комбинации и области на стручност.
в. Судски преводи
Канцеларијата на постојаниот судски преведувач Урош Ташев има значајно професионално искуство во судските преводи, и тоа во најразлични области на правото. Сме учествувале во повеќе сложени проекти, каде што искуството и врвното знаење од дадената област биле пресудни. Сите овие проекти се завршени успешно и соработниците ја продолжиле соработката со нашата канцеларија.
г. Толкување
Нашата канцеларија нуди толкувачки услуги за симултано и конференциско толкување, консекутивно и шушотаж толкување (толкување со шепкање).
д. Адаптација на слоган
Во соработка со надворешни соработници, нашата канцеларија нуди транскреација и адаптација на слогани.
ѓ. Други услуги
Нашата канцеларија вклучува и други надворешни стручни лица, со кои редовно соработуваме при вршењето дополнителни услуги, како што се лекторски услуги, редакција и финална верификација на преводите за јазичните комбинации што ги нудиме.
Работата на нашата канцеларија се одвива во следниве фази: договарање на условите за соработка, потпишување договор за бараната услуга и реализација на услугата.
Барањата за превод, како и текстовите што треба да се преведат можат да бидат доставени на адресата на нашата е-пошта или директно во нашата канцеларија и тие ќе бидат изработени.
Постојаниот судски преведувач Урош Ташев ги почитува препораките за тарифирање на Здружението на преведувачи на Република Македонија.